Овие пет хороскопски знаци постојано ги трпат критиките на партнерот

505 прегледи

Некои хороскопски знаци се често мета на осуда од страна на своите партнери. Бројните критики го тестираат нивното трпение, а ретко кој може да ја издржи врската со личност која постојано бара „влакно во јајцето“.

Pixabay

Риби

Станува збор за сочувствителни и љубезни личности кои мислат дека критиките доаѓаат од оние со најдобри намери. Кога ќе започнат приговорите, тие сакаат да ја намалат тензијата и да покажат љубезност и чувствителност кон саканата личност. Нивниот партнер има потреба да биде во супериорна положба, што понекогаш ги повредува Рибите.

Близнаци

Нив ги красат бројни добри карактеристики, но секогаш сакаат повеќе и подобро. Понекогаш, тешко остануваат доследни, сосредочени и имаат проблем при донесување на важните одлуки. Близнаците мислат дека им е потребен партнер кој ќе ги критикува, бидејќи веруваат дека тоа е во нивни интерес.

Дежурните критичари им оддаваат впечаток на силна личност која знае што сака, а Близнаците се посигурни во друштво на такви лица. Кога капката ќе ја прелие чашата, Близнаците агресивното однесување на партнерот го користат како причина за раскинување.

Рак

Нивните партнери на почетокот од врската не ја откриваат својата темна страна. Како што времето поминува, се соочуваат со критиките кои понекогаш се претвораат во сериозни обвинувања. Ракот, сепак, не се откажува лесно о врската, дури и кога е изложен на критики, кои се нереално. Тие ќе се обидат да го сфатат партнерот и што тој сака да им каже.

Вага

Станува збор за знак кој е често самокритичен, а приговорите на партнерот го потврдуваат негативното мислење кое Вагата го има за себе. Тие се способни да гледаат на реалноста од друга перспектива, па се замислуваат себе си во улога на разочараниот партнер.

Вагата ја краси самоконтрола а многумина се воздржуваат додека партнерот ги опсипува со критики и замерки. Кога не се расположени за искреното мислење на партнерот, ќе го игнорирааат. Се преправаат дека го слушаат, а со мислите се некаде далеку.

Јарец

Постојат моменти кога Јарецот се сомнева во себе и своите способности. Постојано сака да напредува, па верува дека мислењето на партнерот ќе му помогне во постигање на целта. Јарецот критиките ги доживува како искрена повратна информација и верува дека партнерот е подеднакво заслужен за неговиот успех.

Слични содржини