Овие три хороскопски знаци остануваат заљубени во поранешните партнери

438 прегледи

Едно истражување од 2017 година открило дека на секој човек во просек му требаат три месеци да ја преболи поранешната љубов. Но, некои луѓе без оглед на тоа колку време поминало, не можат да си помогнат, па и понатаму остануваат емотивно врзани со поранешните партнери. Според астролозите, постои причини зошто е тоа така.

Еве кои хороскопски знаци најтешко се помируваат со фактот дека некои љубови треба да останат во минатото.

Бик
Овој знај тешко се препушта , па затоа тешко и е заљубува. Биковите се исклучително романтични и имаат тенденција своите партнери да ги доживуваат како сродни души. Верни се, па истото го очекуваат и од другата страна. Дури и кога ќе доживеат љубовен бродолом, ќе се борат за да го пребродат и да ги поправат работите.

Скорпија
Припадниците на овој знак не вложуваат време и енергија во било кого. Им треба доста време да се заљубат иако се поприлично опседнати со барање љубов. Ги идеализираат своите односи, па не е ни чудно доколку инсистираат да останат во контакт со поранешните, дури и кога нема оправдана причина за тоа.

Риби
Нивните чувства никогаш не исчезнуваат во потполност. Тие на љубовта гледаат низ розеви очила и лесно се препуштаат на фантазијата, па идеализираат се околу себе. И кога ќе доживеат љубовен крах, Рибите ќе се трудат да останат присутни во животот на поранешната љубов, а често и ги „гушат“ со романтични гестови бидејќи не сфаќаат дека нивната љубов е готова.

Слични содржини