Овие видови храна не треба да ги внесувате пред спиење

од Elena Daskalova
228 прегледи

Ако имате проблеми со спиењето, тогаш многу е веројатно дека навечер јадете намирници кои го нарушуваат сонот.

Пред да направите што и да е друго, започнете од менувањето на навиките за прехрана, особено навечер.

Овие видови храна и пијалаци го нарушуваат сонот:

Зачинета храна

Зачинетата храна е вкусна, но поради неа потешко ќе заспиете и нема да имате здрав и цврст сон. Зачинетата храна може многу лесно да го иритира вашиот стомак и да направи проблеми.

Чоколадо

Просечно чоколадо содржи 30% кофеин. Затоа преферирајте да го јадете попладне, а не навечер пред спиење. Кофеинот делува лошо врз вашиот сон, па затоа избегнувајте да го јадете пред спиење.

Брза храна

Избегнувајте „тешки“, обилни оброци пред спиење. Во оваа група мора да се потенцира брзата храна, која не е здрава да ја јадете и во текот на денот, а посебно не пред спиење.

Кафе

Кафето треба да го избегнувате 3-4 часа пред спиење, затоа што кофеинот многу делува врз вашиот спокоен сон.

Сирење

Здравите маснотии кои се наоѓаат во сирењето му се многу добредојдени на нашето тело, но не кога ги јадеме навечер пред спиење, затоа што на телото му е потребно повеќе време за да ги обработи.

Слични содржини