Овој филм заработи 40 милиони долари од продажба на карти на премиерата

Долго очекуваниот филм Star Wors: The Rise of Skywalker заработи 40 милиони долари од продажбата на карти во САД и Канада првата вечер на прикажување, што е петто најдобро остварување во историјата на филмот, соопштиле од Волт Дизни.

Обожавателите на филмскиот серијал долг 42 години ги наполнија кино салите во четвртокот навечер за да го погледнат завршетокот на приказната за Војната на ѕвездите.

На меѓународниор пазар, филмот донел дополнителни 59,1 милион долари, наведува Дизни.

Меѓутоа, последниот дел на франшизата заработи помалку од предходните две продолженија.

Филмот кој го режираше Абрамс е рекламиран како последната епизода од вселенската сага која во 1977 година ја започна Џорџ Лукас и во чие средиште се најде младиот јунак Лук Скајвокер.

Подемот на Скајвокер ги подели критичарите, но Дизни соопшти дека овожавателите добро го прифатиле. Како што наведува фирмата 86% од гледачите позитивно го оцениле филмот на порталот Rotten Tomatoes.

Слични содржини