Овој плод е опасен за здравјето – има најмногу пестициди!

од desk2
80 прегледи

Според податоци на Светската здравствена организација (СЗО) јагодата е производ кој е најмногу загаден со пестициди.

Како што е познато пестицидите се токсични и можат негативно да влијаат врз репродуктивниот, имунолошкиот и нервниот систем на човекот.

Тие го зголемуваат ризикот од рак и други болести. Истражувачите анализирале околу 36 илјади примероци од популарни овошје и зеленчук. Научниците утврдиле дека речиси 70% од примероците од 48 вида, одгледани при обични услови, се контаминирани со остатоци од пестициди, пишува Deccan Chronicle.

Јагода го зазела првото место на листата со контаминирани производи. Во неа се откриени најмалку 20 пестициди. На второ место е спанаќот. Најмалку пестициди нашле во слатката пченка и авокадото.