„Овој задник хипнотизира“: Што пееше Шпанката на Евровизија? (ВИДЕО)

од Nikola Popovski

Претставничката на Шпанија на овогодинешната Евровизија Шанел Тереро го зазеде второто место на ова натпреварување и привлече големо внимание со својот енергичен настап и атрактивен изглед.

Освен со пеење, Шанел се занимава и со танц и глума, а нејзините актерски способности имавме прилика да ги видиме за време на изведбата на песната „SloMo“ во Торино.

Убавата Шпанка пред публиката се појави во провокативен костим кој го истакна нејзиниот задник, а имајќи го предвид текстот на песната што ја испеа, не е случајно.

Имено, песната на шпанската претставничка зборува за нејзиниот задник и заведување.

Потсетуваме дека и откако беше објавено која песна ќе ја претставува Шпанија на Евровизија 2022 година, во Србија имаше полемики за тоа.

Српската турбо-фолк пејачка Дара Бубамара тврдеше дека Шанел ѝ ја „украла“ песната и дека ритамот на песната „СлоМо“ е ист како во нејзиниот хит „Екстравагантно“.

Слични содржини