Пациентката која после породувањето се фрли од Гинекологија е во многу критична состојба

од Nikola Popovski

Родилката која се фрли од првиот кат на Клиниката за гинекологија и акушерство (ГАК) е во многу критична состојба. Ова денеска го изјави директорката на Клиниката, Викторија Јовановска.

-Секаде во светот познат е податокот дека една од 10 породени пациентки имаат мало психолошко пореметување, но никаде прозорците не се затворени и забарикадирани. Не можеме да ги чуваме како затвореници. Сепак тоа е убаво чувство, рече Јовановска, одговарајќи пред медиумите.

Докторката истакна дека пациентката на Клиниката немала посебни психички проблеми, освен што била лесно вознемирена и не сакала да го дои бебето.

-Затоа разговаравме со директорот на Психијатрија да направиме заедничка средба и да може да доаѓа психијатар, иако тоа е табу тема и не знаеме дали ќе го прифатат мајките. Лично мислам дека на сите нас ни треба психијатар во современото живеење како совет, а не како терапија, кажа Јовановска.

Родилкатата на 39-годишна возраст на свет донела здраво машко дете.

Слични содржини