Падна една од најголемите археолошки тајни во историјата – како е изградена Кеопсовата пирамида

од Vladimir Zorba
112 прегледи

Археолозите пронајдоа докази дека древните Египќани ги транспортирале огромните блокови гранит и варовник за Кеопсовата пирамида со помош на дрвени бродови и систем на канали до пристаниште кое било сосема близу до основата на изградбата, објави весникот “Дејли мејл”.

Дел од тајната стои во античкиот папирус кој е пронајден во пристаништето Вади ал-Јарф. Напишан е од супервизорот Мерер, кој бил одговорен за 40 работници. Ова е единствениот постоен пишан запис за сведок на изградбата на Големата пирамида во Гиза. Мерер пишува дека илјадници работници превезувале 170.000 тони варовник со дрвени бродови пренесувани по реката Нил.

Потоа блоковите бил транспортирани преку каналите до внатрешното пристаништеа. Мерер, исто така, ја опишува изградбата на каналите и џиновските насипи со кои ја пренасочиле водата од Нил. Камените блокови тежеле по 2,5 тони. Гранитот се транспортирал нарастојание од околу 850 километри од Асуан до Гиза.

Варовникот бил добиван од многу поблиску место. Со векови една од најголемите мистерии е како општество од бронзеното доба со толку слабо развиени технологии успеал да го направи тоа. Кеопсовата пирамида била изградена околу 2600 година п.н.е. Археологот Марк Лерер откри докази за затрупан канал кој бил до Големата пирамида.

Исто така познат е церемонијален брод изграден за фараонот Кеопс. Тоа било наменето за неговото патување кон задгробниот живот, но обновата му дала информации за бродоградба во тоа време.