Падна новогодишен украс во центарот на Нови Сад во февруари?!

од desk2
106 прегледи

Голем новогодишен украс падна во центарот на Нови Сад, Србија. Украсот паднал денеска околу 11 часот, во една од главните улици на градот.

Како што за 021.rs раскажале вработени во околни дуќани, на улицата имало луѓе во тој момент, но за среќа никој не е повреден.

Новосаѓанецот кој информацијата ја сподели на социјалните мрежи, напиша дека повикал комунална полиција, и јавното градско претпријатие од каде му рекле дека ќе пратат екипа.

Тој во својот пост, реагира што украсот е тежок 70 килограми, а врзан само со мека бакарна жица. Исто така се чуди што веќе е февруари, а новогодишните украси уште стојат по улиците.