Падна првиот РЕКОРД во Токио! На ова се чекаше една четвртина ВЕК

од Stefanija Kuzmanovska

Олимписките игри сè уште не се официјално отворени, а веќе падна првиот рекорд во Јапонија!

Ан Сан од Јужна Кореја собори рекорд стар 25 години во стрелаштво, веќе во квалификацискиот циклус.

Јужнокорејката оствари резултат од 680 поени и ги надмина 673 поени, кои беа претходен рекорд, кој беше „погоден“ од Лина Херасимеко од Украина во 1996 година во Атланта.

Интересно е што четирите првопласирани конкуренти го надминаа рекордот на Лина од пред 25 години, бидејќи  на второто место заврши Јанг Минхи со 677 погодени круга.

Светската рекордерка Канг Чеџијанг постигна 675 погодоци, додека Мексиканката Алехандра Валенсија стрелаше над сега веќе поранешниот олимписки рекорд – 674 кругови!

Во исто време, со вакви резултати, падна и тимскиот олимписки рекорд, бидејќи Корејците достигнаа 2032 поени!

Слични содржини