Паметни очила кои објавуваат видео снимки на социјалните мрежи

од desk2
99 прегледи

Откако Snapchat ги претстави своите паметни очила – Spectacles, кои имаат можност за снимање на видео записи, уште една компанија одлучи да се тестира на пазарот, креирајќи ACE Eyewear, паметни очила кои на социјалните мрежи можат да објавуваат видео содржини.

Додека Spectacles очилата можат да објавуваат снимки само директно на Snapchat, компанијата Acton, инаку позната по производство на електрични скејтборди, креирала и напредни очила со кои може да се објавува видео записи на Facebook, Instagram и YouTube.

Ace Eyewar имаат можност за сликање на фотографии со камера од осум мегапиксели и снимање на видео снимки во HD резолуција.

Со едноставен клик на копче кое се наоѓа на горниот лев агол на очилата, корисникот може да одбере дали сака да направи фотографија или да сними видео.

Батеријата може да издржи час и половина.