Паника и страв по улиците низ хрватските градови (ВИДЕО)

од Берта Китинска

Силен земјотрес со јачина од 6,2 степени според Рихтеровата скала денеска повторно се почувствува во Хрватска.

Епицентарот бил во Петриња, кој бил целосно уништен, а според неофицијални информации, едно дете починало. Земјотресот се почувствува во Србија.

Големиот земјотрес беше проследен со два нови потреси, посилни од 4 степени.Првите сцени од Петриња се ужасни, половина град е уништен. Се слушаат врисоци, има повредени. Едно дете почина во Петриња, потврди градоначалникот Даринко Думбовиќ. Станува збор за 12-годишно девојче.

Слични содржини