Машината била преместена, за да биде прегледано од специјална единица

Авион со 300 патници кои патуваат за Тајланд, беше евакуиран на стокхолмскиот аеродромот “Арланда” по сигнал за поставена бомба, соопшти весникот The Local. Машината на “Таи Ерлајнс” требало да полета за популарната туристичка дестнација Пукет .
“Командниот центар добил информации дека има закана за овој лет. Сигналот притигнал по телефон, но не до полицијата , само тоа можам да кажам “, изјави портпаролот на полицијата, нагласувајќи само дека во овој момент полицијата не може да потврди дека сигналот бил лажен.
Еден од терминалите исто е евакуиран од безбедносни причини, иако според полицијата заканата била насочена конкретно кон летот. Машината е преместена, за да биде прегледано од специјална единица за расчистување на бомби.