Папата Франциск му се обрати на светот со сериозна порака: „Не знам дали е ова одмазда, но сигурно е одговор на природата“

од Nikola Popovski

Папата Фрањо изјавил денеска дека пандемија со коронавирусот е една од „реакциите на природата“ кон луѓето кои ја игнорираат тековната еколошка криза.

Во интервју за „Таблет и Комонвелт“, дадено преку е-пошта, папата Фрањо вели дека епидемијата е можност да се забават стапките на производство и потрошувачка и луѓето да научат да го разбирааат и разгледуваат природниот свет.

„Ние не одговоривме на делумните катастрофи. Кој сега зборува за пожарите во Австралија или се сеќава дека пред 18 месеци брод можел да го премине Северен Пол, бидејќи глечерите се стопиле? Кој зборува сега за поплавите?“, одговорил папата.

„Не знам дали ова е одмазда на природата, но е секако нејзин одговор“, додаде тој.

Папата Франциск исто така во интервјуто вели дека закрепнува од бронхитис и се моли уште повеќе во ова време на голема неизвесност.

Тој открил дека секој вторник оди на исповед за да побара прошка за неговата себичност.

Папата Фрањо, исто така, го критикувал одговорот на епидемијата, велејќи дека бездомниците треба да бидат ставени во карантин во хотели, а не на паркинзи.

Тој ги охрабри тие што седат во затворено да најдат креативни начини , за да бидат дома што повеќе.

„Внимавајте на иднината што доаѓа“, изјавил папата Фрањо.

Слични содржини