Папата ги повика младите -Не туку се лепите за смратфоноте туку за евангелието!

од Vladimir Zorba
105 прегледи

Папата ги повика младите да користат евангелието како GPS , и  ги охрабри присутните да бидат сонувачи.

4972394

Папата Фрањо отслужи неделна миса пред повеќе од 1,5 милиони верници католици на силно  сонце, во областа на милосрдието крај полскиот град Краков и ги повика младите да користат евангелието како свој водич во животот. Во склад со терминологијата  доминирана од  интернет свет, поглаварот на Римокатоличката црква ја повика паствата, на литургијата ,од целиот свет да се”симна најдобар линк – оној на срцето што го гледа и неуморно шири доброто”. “Направете евангелието нешто лично ваше, па да ви служи како сателитски навигатор по автопатите на животот”, рече папата за време на емоционалниот  проповед.

4972395Музиката  беше со техно аранжман, таа  ги зарази тинејџерите, калуѓерките и дури некои епископи кои отскокнуваат и по ритамот на религиозните химни. Ентузијастички адолесценти, бискаути, свештеници и семејства со деца поминаа ноќта во камп под ѕвездите на Детално Областа на милосрдието ( “Campus Misericordiae”) крај Краков пред завршната миса во еднонеделната посета на папата во Полска за време на Светските денови на католичката младина.

Луѓето пристигнаа со столици на расклопување , вреќи за спиење, чадори и шапки за сонце. 4972396Папата Фрањо ги охрабри присутните да бидат визионери, кои веруваат во “една нова хуманост”, која ја “отфрла омразата меѓу луѓето” и “одбива да ги почитува границите  и бариерите”. На месото биле присутни меѓу 2,5 и 3 милиони, соопшти портпаролката на Светските денови на католичката младина. Според податоците на полската полиција, паствата било од 1,5 милиони верници. “Ова е патувањето на мојот живот за мене и целото мое семејство”, изјави 29-годишниот мексикански поклоник Исак Викторија додека доброволци раздаваа вода на мноштвото. На местото  биле присутни милиони луѓе од целиот свет. За време на саботното бдение папата предупреди дека модерната технологија крие и опасности, бидејќи ги  прави децата поспани и инертни и за нив среќата се исцрпува со лежење на каучот. Папата ги повика овие млади да станат и да водат активен живот, а не да поминуваат низ него залепени за смартфоните  / АФП