Параолимписка шампионка од Белгија се одлучи на евтаназија

од desk2
103 прегледи

Пред белгиската параолимписка шампионка Мариеке Верворт се последните денови живот.

Триесет и седумгодишната Белгијка се одлучи за евтаназија, која законот на оваа земја ја дозволува.

За англиски Телеграф, таа изјави дека е подготвена за смрт. За празниците ќе биде во својот дом во Брисел, а по Нова година во тамошната болница ќе и биде вбризгана смртоносната инекција.

„Не можам повеќе да се мачам, депресијата е се појака. Никогаш не сум била во таква состојба, постојано плачам. Не сакам веќе да трпам“, вели Венворт и додава дека не може да спие, не јаде и постојано е со силни болки.

Парализираната Верворт на параолимписките игри во брзо возење во количка освои четири медали, а првак стана во Лондон 2012 година.

Нејзината приказна што ја објави во книга, беше непрестана инспирација за многу спортисти, меѓу кои и белгиската фудбалска ѕвезда Кевин Де Бруен.

Како дете, играла кошарка, тренирала триатлон, нуркала. Тогаш ненадејно се разболела и наскоро повеќе никогаш не можела да оди. ДО парализа дошло по деформација на петтиот и шестиот вратен пршлен.