Париз: Пензионер уби две лица, а рани неколку други

од Radmila Tasevska
186 прегледи

Во престрелката во Париз две лица се убиени, а неколку се ранети. Како што објави Le Parisien, напаѓачот е уапсен. Престрелката се случила во близина на курдскиот културен центар Ахмет-Каја.

Напаѓачот е 69-годишник, кој бил пензиониран од СНЦФ, каде работел како возач. При апсењето, полицијата му го одземала и оружјето.

Телевизијата објави дека напаѓачот е уапсен, а полицијата ја повикала јавноста да се држат настрана од делот во градот каде што се пукало.

Слични содржини