Порталите кои се занимаваат со патувања секоја година прават листи на најстрмни и најопасни скијачки патеки во Европа каде борбата со нервите и морници во нозете се загарантирани.

Нема дрвја
Веќе подолго време на прво место се наоѓа патеката Харакири-Мајрхофен во Австрија, која по самото име е легенда. Со до 78 птсто надолнина овој предизвик е пострмен од скокалниците за скијачите и е посебно искуство за амбициозни скијачи и бордери.
За сите оние кои ќе ја преживеат патеката, можно е по спустот и да набават маица “Harakiri Survivor”.
На второ место се наоѓа патеката Хохе Салве – Сол. Од овој врв на најголемиот скијачки комплекс на АВстрија се спуштаат две црни оатеки, со речиси 74 отсти надолнина, која е табу за неискусни скијачи. Бидејќи самиот врв нема дрвја , ветрот често го носи снегот па патеките се заладени, што на секој скијач кој ќе реши да се спушти по нив им го зголемува нивото на предизвик.
Висинска болест
Во јужен Тирол постојат две патеки со име Holzriese 1 и 2 кои се сметаат за патеки со најстрмна надолнина во Доломитите. На должина од 1,5 км се преминува висинска разлика од 500 метри и до 71 % надолнина секако не е за они со висинска болест.
Посебни машини
За уредување на стрмните патеки, задолжени се посебни машини опремени со витли. Единствено со такви машини е можно сигурно да се подготват овие патеки каде и најмало необработено парче снег или земја може да доведе до незгодни падови и повреди.