Патниците се најголемите прељубници

од Vladimir Zorba
198 прегледи

Зошто човек мами? Ова прашање продолжува да ги малтретира научниците. Според едно од најновите истражувања во САД, луѓето кои патуваат се посклони да ставаат рогови на партнерот, пишува “Daily Star”.

Научниците од Универзитетот Колумбија откриваат дека патниците надвор од земјата се луѓе кои изневеруваат почесто во споредба со оние на кои не им се наметнува редовно да одат во странство.

Причината според експертите е дека за време на патувањата луѓето се соочуваат со различни морални норми од овие во нивната татковина и не е исклучено да ги прекршат.

Авторите на студијата ги објавуваат резултатите од работата во списанието “Journal of Personality and Social Psychology”.

Во него тие објаснуваат дека меѓународните патувања промовираат “морална флексибилност” – склоност кон заобиколување или кршење на моралните принципи и кон манифестација на неморално однесување, вклучувајќи и неверство.

За целите на истражувањето стручњаците направиле неколку експеримента. Сите тие потврдиле дека патувањата во странство се поврзани со зголемена веројатност за неверства.