Патријарх Кирил: Русија го блокира доаѓањето на Антихристот

од Vladimir Zorba

Патријархот Московски и на цела Русија, Кирил изјави дека судбината на светската цивилизација зависи од Русија.

– Иднината на светот, во целосна смисла на зборот, зависи од иднината на нашата татковина, нашиот народ, нашата црква, затоа што денес нашата татковина ги брани оние вредности кои поставуваат бариера на отпадништвото, односно движењето кон крајот на време под власта на антихристот – рече патријархот во Соборниот храм „Христос Спасител“.

– Сеќавајќи се на словото Божјо во врска со доаѓањето на антихристот, можеме да кажеме дека денес Русија е таа што го спречува. А тоа значи дека сите сили на антихристот ќе бидат фрлени врз нашата земја – продолжи патријархот Кирил.

Тој посочи дека „јадрото на духовниот отпор“ е Руската православна црква, а нејзините пастири „денес го предводат патот“.

– А ние како црква мораме да учествуваме во борбата на нашата татковина против светското зло, против оваа лепра, против ова антихристско движење кое може да го уништи целиот свет и Русија – рече патријархот.

Слични содржини