Пациентка од Дебар со влошена состојба, на граница да биде поставена на механичка вентилација

од Aleksandar Todeski
477 прегледи Фото: Борче Поповски

Пациентката од Дебар која со својот сопруг беше донесена на Инфективната клиника бидејќи се позитивни на коронавирусот е во влошена состојба и е на граница да биде поставена на механичка вентлиација, истакна министерот за здравство, Венко Филипче.

Фото: Борче Поповски

„Пациентите се стабилни, освен првата пациентка од Дебар и е на граница за да биде поставена на апарат за механичка вентилација. Специјалистите се надеваат дека со дополнителна терапија ќе го препорди тоа, но се подготвени да ја стават на механичка вентилација“, рече Филипче.

Во меѓувреме, во Дебар се откриени уште четири лица со коронавирус, па поради тоа во општината, како и во Центар Жупа се воведува кризна состојба и граѓаните од тие две општини ќе имаат ограничено движење.

Првата пациентка, како што кажа министерот, ќе биде пуштена од Инфективната клиника денеска или утре, бидејќи на првиот и на контролниот тест била негативна на коронавирусот.