Фил Мик, момче од Вателро во Индијана, со своите неполни 12 години за жал, добро научи што е злоставување, Училишните колеги со години го мачеле психички и физички, поради неговата дебелина, но и затоа што припаѓал на финансиски понизок слој.

Се станало неиздржливо, до таа мерка што тој почнал во грч да оди на настава, но и да се жали на гастроинтестинални тегоби од стрес.
Бидејќи училиштето не знаело и не сакало да стави крај на злоставувањето, мајката на Фил се обратила за помош до моторџиите, мажи во кожни јакни, со долги густи бради и живописни тетоважи.
Ги контактирала моторџиите, но не од злогласната група која се занимава со криминал, туку момци со застрашувачки изглед, но со исто толку златно срце.
Така Фил, во вторникот дошол во училиште, а него го следеле 50 моторџии, чија цел не била да им се заканат на другите деца, туку да испратат порака дека му го чуваат грбот на Фил.
И види чудо, гестот веднаш наиде на резултати, па Фил се пофали дека во школските ходници веднаш стекнал пријатели.