Пејачот на српската рок група „Смак“, Дејан Најдановиќ Најда беше уапсен завчера под сомнение дека сторил кривично дело загрозување на безбедноста.
Тој испратил закани до претседателот на Србија, Александар Вучиќ, преку „Фејсбук“.

По наредба на обвинителството, тој беше задржан во траење од 48 часа, а по сослушувањето кај судијата беше пуштен на слобода да се брани.
Преку неговиот Фејсбук профил покрај навредите и пцуењето, тој испратил и отворени закани до шефот на државата:
„Сакам твоето проклето семе да биде избришано и … и никој да не го спомна некогаш твоето име … и јас сум подготвен да ти го одземам животот … п.чко предавничка …