Претседателката на Претставничкиот дом на американскиот Конгрес Ненси Пелоси го потсети претседателот Доналд Трамп, дека со закон е должен претходно да го информира конгресмените за какви било воени дејствија против други држави.

Според неа, воената акција против Иран не требало да се иницира без одобрување од Конгресот , објави “Хил”.

Претходно, беше јасно дека претседателот Трамп беше наредил воздушни напади врз Иран, но потоа се преиспитал и ги откажа во последен момент – кога авионите веќе биле во воздух. Целата дилема била решена во последите 10 минути пред нападот.

  Пелоси коментира пред новинарите изјави дека во четвртокот таа и други лидери на Конгресот  биле на средба со Трамп во Белата куќа , но никој од претседателската администрација не ја соопштил   одлуката да се одржи воена операција против Иран.

“Ние излеговме (од средбата – б. Р.) Со идејата дека претседателот смета дека трреба да се разгледаат некои варијанти. ТАка што  не бев предупредена дека се подготвува воен удар.” – нагласува Пелоси.

Таа признава дека лидерите на републиканците во Конгресот може да биле информирани, но е категорична дека таа самата не добила никаква информација.