Пендаровски би можел да биде партиски аналитичар на СДСМ, велат од ВМРО-ДПМНЕ

од Nikola Popovski

Жално е што Пендаровски наместо да претседателствува со државата и да ги предводи процесите одбра да прави анализи за воспевање на ликот и не делата на Зоран Заев, велат од ВМРО-ДПМНЕ, како реакција на интервјуто на претседателот Стево Пендаровски во Дневникот на ТВ Сител.

Според нив, Пендаровски се однесува како некој аналитичар со отворени симпатии кон Зоран Заев.

-Тој не искажа ниту еден став за проблемите кои ги мачат граѓаните. Пендаровски би можел да биде партиски аналитичар на СДСМ, но не и добар претседател на Македонија, стои во партиското соопштение.

Слични содржини