Пендаровски: ЕУ не треба да ја турка воената компонента, таа е создадена како заедница каде ќе се разменуваат идеи

На воено поле, Европската Унија не треба да се обидува да биде САД, бидејќи идејата на создавање на Унијата и по она што е таа препознатлива - по создавање на демократски вредности и стандарди и по тоа е препознатлива и привлечна за другите земји, изјави Стево Пендаровски, поранешниот македонски претседaтел, на јавната дебата „Насочување на европскиот пат: Можности и предизвици“

од Vladimir Zorba
29 прегледи Фото: Локално

На воено поле, Европската Унија не треба да се обидува да биде САД, бидејќи идејата на создавање на Унијата и по она што е таа препознатлива – по создавање на демократски вредности и стандарди и по тоа е препознатлива и привлечна за другите земји, изјави Стево Пендаровски, поранешниот македонски претседaтел, на јавната дебата „Насочување на европскиот пат: Можности и предизвици“.

На овој дел од неговото излагање тој доби прашање од учесниците на дебатата како тогаш земјите од ЕУ да ги заштитат своите граници во услови на војна во Украина и останатите делови од светот, како и од заканите за уништување на енергетската инфраструктура. Тој одговори дека Унијата никогаш не била создадена ниту делувла како возен сојуз, пред се како еконoмска заедница, а делот од одбранта бил оставен да се решава во рамките на НАТО алијансата.

Според него во услови на вакви закани ЕУ треба да вложи во обезбедување на своите граници, пред се преку технологија и што таа носи, отколку да „трупа војници на границите“.

-Во ЕУ, кој е главен што носи одлуки, кому ќе се јавите во случај да треба да интервенира!? Во САД се знае кого ќе барате. Не мислам дека треба да се турка воената компонента, бидејќи таа не е така создадена. Унијата е создадена како заедница каде ќе се разменуваат идеи, ќе важат принципи и создадена е врз принципот да создава правила“, изјави Пендаровски.

На прашање на учесниците во панел дискусијата поранешниот претседател Стево Пендаровски рече дека ЕУ никогаш јавно не признала дека се сменети критериумите за прием во Унијата. Тој објасни дека од една страна главните критериуми за прием во унијата, меѓу кои демократија, владеење на правото и слобода на медиуми и граѓански сектор, како домашна задача ги немаме исполнето. Но од друга страна, како што рече, ЕУ сега заради сите други случувања, пред се војната во Украина, овие критериуми ги става на страна и наметнува, нови критериуми кои се гео-политички.

Според Пендаровски, ЕУ тоа никогаш јавно не го признала.

Е.Б.