Пендаровски на неформална средба со бугарските европратеници Ќучук и Ковачев

од Nikola Popovski

Претседателот Стево Пендаровски објави дека на виенскиот аеродром „Флаугхафен“ имал неформална средба со бугарските европратеници, Илхан Ќучук и Андреј Ковачев.

„Сите кон заедничка цел – Брисел“, стои во описот на сликите кои што ги објави претседателот.

„Целата ЕУ страда од недоразбирањето меѓу Бугарија и Северна Македонија, страдаат и земјите од Западен Балкан. Бидејќи има различни идеи и тие се протнуваат на еден или друг начин – да ги поделат земјите од Западен Балкан, да отстранат одредени граници, и тука улогата на Бугарија е многу важна“, коментираше Илхан Ќучук пред неколку дена за БНР, европратеникот од „Обнови ја Европа“/ ДПС, кој е известувач за преговорите со Северна Македонија во Европскиот парламент.

„Ова прашање е тешко и како разговор и како политичка проценка, и како преземање конкретни активности поврзани со членството на земјата во Европската унија. Во современа смисла, исто така, се чини тешко, бидејќи политичарите треба да донесат смели одлуки засновани на тешки прашања, историски слоеви и да ја исцртаат перспективата на регионот“, рече Илхан Ќучук.

Според него, она што беше постигнато во 2018 година во односите меѓу двете земји беше лесно потрошено заради „пумпање на национално-политичка конкуренција, и сега ниту во регионот ниту во Европа не сме перципирани како балансирачка сила во решавањето на разни проблеми“.

Слични содржини