Пендаровски на трибина во Карпош, Силјановска нема активности

од desk2

Кандидатите за претседател Стево Пендаровски поддржан од СДСМ и коалицијата и Гордана Сиљановска Давкова кандидатка подржана од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, ја продолжуваат изборната кампања во пресрет на вториот круг од претседателските избори.

Централниот караван на коалицијата „Заедно напред“ во тек на денешниот ден ќе биде на средби со граѓани и граѓанска трибина во Карпош. Додека кандидатката од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата Гордана Силјановска Давкова за денеска нема закажано никакви активности. Новиот претседател на република Северна Македонија ќе се избира во вториот круг, бидејќи ниту еден од тројцата кандидати на вчерашното гласање не освои мнозинство гласови од вкупниот број избирачи, односно 904.066 гласови.

Слични содржини