Пендаровски: Рускиот дипломат не е протеран само за да им се допаднеме на НАТО

од Nikola Popovski

„Ние не го измисливме или импровизираме проблемот, само за да им се допаднеме на НАТО“, изјави синоќа претседателот Стево Пендаровски во емисијата „360“, давајќи одговор зошто е протеран рускиот дипломат од земјава.

Според него, ова е документиран случај од институциите.

„Досега немаше официјална реакција до мене од руското претседателство или руското МНР“, додаде Пендаровски.

Македонското МНР во вторникот соопшти дека, согласно член 9 од Виенската конвенција за дипломатски односи, еден дипломат на Руската амбасада во Скопје е прогласен за непожелна личност во Северна Македонија. Нотата со која се наложува дипломатот да ја напушти територијата на Северна Македонија во рок од седум дена, му била предадена на рускиот амбасадор во Скопје Сергеј Баздникин во МНР на 14 мај.

Руското Министерство за надворешни работи потоа се огласи дека Русија ќе преземе соодветни чекори како одговор на протерувањето.

„Најостро ги осудуваме таквите неосновани потези кои дефинитивно ќе влијаат на односите меѓу Русија и С. Македонија. Ќе следат мерки на одговор“, наведе руското МНР во соопштението.

Слични содржини