Пендаровски со поддршка за контролорите на летање

од Nikola Popovski

Претседателот Стево Пендаровски денеска во вилата „Водно“ остварил средба со претставниците на Струковиот синдикат на контролори на летање, меѓу кои бил и претседателот на синдикатот, Александар Тасевски. Претседателот уште еднаш ја искажал својата поддршка за нивните заложби за одржување на професионалното ниво во функционирањето на М-НАВ.

-Очекувам до крај да биде расчистен неодамнешниот инцидент, имајќи предвид дека оваа институција е дел од критичната инфраструктура во државата и станува збор за потенцијално загрозување на безбедноста во меѓународниот авионски сообраќај, им рекол Пендаровски на контролорите.

На владината седница која е во тек се разгледува случувањата од 4-ти јануари. Ќе се носат одлуки за состојбата во М-НАВ како и одлуки за разрешување на тројцата раководители.

Неизвесно е и дали петте министри од ДУИ ќе се согласат тие да бидат разрешени, имајќи го предвид и фактот и партијата и управниот одбор и извршниот директор, Фахрудин Хамиди имаат идентичен став дека инцидентот во просториите на контролата за летање бил „кошкање меѓу колеги“.

Ако до утре не се разрешат тројцата директори на Македонската навигација, од утре ќе се затвори воздушниот сообраќај – најавија од Синдикатот на контролори за летање.

Во петокот, Основното јавно обвинителство поведе истражна постапка за осум лица кои се сомничат за сторено кривично дело-опасност по безбедноста на воздушниот сообраќај-член 303 став 2 од Кривичниот законик за кој казната е минимум пет години. Од нив само четворица беа приведени во Кривичниот суд, кој им одреди само мерки за претпазливост.

Слични содржини