118
Претседателот Стево Пендаровски денеска и утре ќе престојува во официјална посета на Сојузна Република Германија.
Тој ќе оствари одвоени средби со германскиот претседател Франк-Валтер Штајнмајер и со министерот за надворешни работи Хајко Маас.
За време на официјалната посета, претседателот Пендаровски ќе биде почесен гостин на вечера организирана од страна на Аспен институтот во Берлин.