Пендаровски води во анкети пред противкандидатите

од Vladimir Zorba
208 прегледи

Консензуалниот кандидат на СДСМ и ДУИ, Стево Пендаровски е во предност во анкета спроведена од М-Проспект за телевизија Телма.

Според анкетата, 25 отсто гласачи ќе гласаат за Пендаровски додека противкандидатката Гордана Силјановска има поддршка од 22,4 отсто анкетирани.

За Блерим Река би гласале 10,9 отсто гласачи.

Голем процен на анкетираните или 18,3 отсто се уште не одлучиле за кој кандидат ќе гласаат, а за 17,9 проценти ниту еден од кандидатите не е прифатлив.

На прашањето „За кој кандидат ќе гласате на претседателските избори“, анкетата покажува различни резултати зависно од националната припадност. Вкупно 26,1 отсто од македонските испитаници се за Стево Пендаровски, 32,2 процента за Гордана Силјановска, а 0,9 се за Блерим Река, додека испитаниците од албанска националност, со 15,2 отсто го поддржуваат Пендаровски, 0,4 се за Силјановска, а 41,4 се за Блерим Река.

Согласно проекциите за вториот круг, ако во трка се Пендаровски и Силјановска, 32,4 отсто од гласачите би го поддржале кандидатот на СДСМ, а 26,2 процента би биле за кандидатката на ВМРО-ДПМНЕ.