Пентагон: Американската војска изврши антитерористичка мисија, мета џихадисти поврзани со Ал Каеда

од Milan1

Американската војска успешно изврши антитерористичка мисија во северозападна Сирија, соопшти Пентагон, додавајќи дека нема американски жртви.

Жителите на северозападниот град Атмех и бунтовниците кои се борат против сириската влада претходно известија за неколку цивилни жртви во двочасовната операција. Се верува дека мети биле џихадисти поврзани со Ал Каеда.

„Американските сили за специјални операции под Централната команда вечерва извршија антитерористичка мисија во северозападна Сирија. Мисијата беше успешна. Немаше американски жртви”, изјави портпаролот на Пентагон, Џон Кирби.

Тој додаде дека дополнително ќе бидат соопштени повеќе информации.

Жителите на Атмех изјавија дека операцијата се случила околу полноќ во густо населена област на границата со Турција каде што десетици илјади сириски бегалци живеат во импровизирани сместувања.

Слични содржини