Пензионерка фрлила плинска боца од балкон и опожарила автомобил

од Nikola Popovski

Пензионерка фрлила плинска боца од балкон на паркинг, при што предизвикала пожар во паркирано возило, соопштија од полицијата.

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Дебар поднела кривична пријава против Б.Б.(70) од Дебар поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „предизвикување на општа опасност“.

Според информациите, во текот на вчерашниот ден жената запалила плинска боца на балконот од својот дом при што се запалиле алишта, по што таа ја фрлила боцата на паркингот и го предизвикала пожарот во возилото.

Слични содржини