Пеп по кошмарот против Виган: Тоа не беше нашата ноќ

од Vladimir Zorba

Менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола го прифати релативно мирно поразот против Виган во синоќешниот натпревар од ФА Купот и најави на прес-конференцијата дека неговиот тим едноставно немал свој ден.

Во редот на работите, тој им честиташе на „латикс“ за продолжување напред во турнирот.

„Честитки за Виган и нивната победа“, беа првите зборови на Шпанецот по натпреварот.

„Тие ни постигнаа гол од еден удар по една наша грешка. Создадовме добри шанси кои за наша жал не успеавме да ги реализираме“.

„Веќе испаднавме од ФА Купот. Ни претстои да се подготвуваме за неделното финале и силно се надевам дека ќе го освоиме“.

„Имавме намера да се бориме на сите фронтови, но за жал оваа сезона нема да можеме да победиме во ФА Купот“, изјави Пеп.

Слични содржини