Периодот помеѓу примањето на првата и втората доза на „Спутник V“ може да се зголеми на три месеци

од Nikola Popovski

Временскиот период помеѓу првата и втората доза на вакцината Спутник V може да се зголеми од 21 ден на три месеци, што нема да влијае на квалитетот на вакцинацијата, а во некои случаи ќе го подобри и имунолошкиот одговор, изјавил директорот на центарот „Гамалеј“ Александар Гинцбург.

„Што се однесува до вакцината Спутник V, произведена од нашиот истражувачки центар, сметаме дека минималниот временски интервал помеѓу првата и втората вакцинација може да се зголеми во споредба со претходно одобрените три недели – до три месеци. Зголемувањето на интервалот нема да влијае на имунолошкиот одговор генериран од вакцината, а во некои случаи ќе го зајакне и продолжи“, истакнал Гинцбург.

Тој прецизирал дека ваков заклучок е направен врз основа на искуството за употреба на вакцини со користење на идентична платформа за аденовирус, како и благодарение на успешните кампањи за вакцинација на населението во Русија и многу странски земји.

„Ние веруваме дека во услови на екстремно голема побарувачка за вакцина кај населението, таа одлука ќе овозможи имунизацијата на населението значително да се забрза. „Секое национално регулаторно тело треба само да одлучи дали да го задржи 21-от дневен интервал помеѓу приемот на вакцини или да го зголеми на три месеци“, рече тој, додавајќи дека во Русија тој интервал ќе остане ист.

Вакцината Спутник V, произведена од Институтот за научно истражување „Гамалеја“, на 11 август доби потврда за регистрација од руското Министерство за здравство, со што стана првата регистрирана вакцина против коронавирусот во светот.

Слични содржини