Перо Антиќ ќе игра баскет кај кошот на Водно

од desk2
91 прегледи

Општина Центар во среда во 19 часот кај кошот на Водно организира настан „Маалски баскет со Перо Антиќ“.

„Во општина Центар започнуваат многу успешни приказни. Таква е и приказната на Перо Антиќ кој својата кариера ја започна во КК „Работнички“, а денес е спортист познат и признат низ целиот свет. Општина Центар одлучи да му додели на Перо признание за заслужен граѓанин од областа на спортот. По тој повод, организриме уникатен настан на кошот на Водно, каде Антиќ ќе игра баскет и ќе се дружи со младите баскетџии и љубители на спортот“, соопшти Општина Центар.

Градоначалникот на општина Центар, Андреј Жерновски, ги повика талентираните дечки што висат на кош да дојдат да видат како Перо ќе се снајде на маалско теренче.