Перу: Поранешниот претседател Педро Кастиљо останува во притвор 18 месеци

од Stefanija Kuzmanovska

Апелацискиот совет на Врховниот суд на Перу денеска ја потврди одлуката поранешниот перуански претседател Педро Кастиљо да остане во притвор 18 месеци до крајот на истрагата за обвинението за обид за организирање државен удар.

Претходно овој месец, пратениците го отстранија Кастиљо од функцијата, а потоа го уапсија поради обид за незаконско распуштање на Конгресот, објави „Ројтерс“.

Кастиљо од затвор повика на протести против новата влада, тврдејќи дека се уште го има мандатот на народот и се смета себеси за легитимен претседател.

Слични содржини