Песков: Мировници во Нагорно Карабах само со согласност на обете страни во конфликтот

од Vladimir Zorba

Мировници може да влезат во зоната на конфликти во Нагорно Карабах само ако двете страни се согласат, изјави за порталот РБЦ портпаролот на Кремq, Дмитриј Песков.

„Мировниците можат да влезат само ако двете страни се согласат“, рече Песков.

Претходно денес, ерменскиот премиер Никол Пашинијан зборуваше во интервју за телевизијата „Ал Џезира“ за можноста за ангажирање руски мировници во регионот Нагорно Карабах. Како што вели, тоа е прашање за групата Минск на ОБСЕ.

На прашањето дали би сакал да гледа руски мировници во регионот, тој објасни дека такво нешто може да се разгледа во рамките на Минската група на ОБСЕ, а не на билатерален дијалог со Русија.

Слични содржини