Песков: Условите на Бајден за преговори со Русија се невозможни

од Stefanija Kuzmanovska

Американскиот претседател Џо Бајден всушност изјави дека преговорите со Руската Федерација се можни само откако Русија ќе замине од Украина, но тоа е невозможно, изјави денеска портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

Откако Бајден претходно изјави дека не планира контакти со Путин во блиска иднина, но дека дозволува таква можност доколку рускиот претседател „покаже интерес“ за прекин на конфликтот во Украина, Песков оцени дека Бајден всушност рекол дека преговорите се можни само откако Путин ќе нареди повлекување од Украина, пренесува „РИА Новости“.

Песков посочи дека Кремљ не е подготвен за тоа и додаде дека „специјалната воена операција продолжува“.

Слични содржини