Пет начини за бесплатно ноќевање во странство

од desk2
86 прегледи

Постојат неколку начини преку кои можете да преспиете на патувањата, а притоа да не платите за тоа. Најдоброто од се е што не станува збор за спиење на клупа во парк.

Некои од овие техники за бесплатно спиење вклучуваат активности такви што морате да се приклучите во некој клуб или мрежа.

На страницата „Reidsguides.com“, пишува како да патувате и заштедите пари:

Бесплатно ноќевање за мир во светот

Идејата на мрежата Servas е да придонесе за светскиот мир со подобро разбирање помеѓу народите ширум светот. Сите заинтересирани патници се дружат заедно, разменуваат искуства, придонесуваат во разбирањето на различните култури и слично. Постои можност и за размена на гостопримства, но тоа не е задолжително.

Спиење во манастири

Многу манастири во Европа им нудат можност на патниците за таму бесплатно да преспијат. Гостопримството едноставно е едно од нивните правила. Овие сместувања се наоѓаат во специјален дел од манастирот, во кој посетителите имаат право да се движат. Ретко се наоѓаат во градовите, обично се изолирани, што носи дополнителни предности – единствено искуство и запознавање на оние делови од земјата кои многу туристи не се во можност да ги видат.

Ноќевање на аеродром

Спиењето по аеродроми веќе не е само за сиромашни и млади патници. Во денешно време има се повеќе луѓе кои и дури сакаат да преспијат на аеродром и таа авантура подоцна ја споделуваат со останатите. Постои дури и страница „Sleepininaairports.net“, на која можете да пронајдете рецензии за спиењето на сите аеродроми во светот.

Куќа на заливот

Ако сакате да пловите, немате ништо против авантура и нови искуства, можете да се качите во некој брод, да му помагате на персоналот, да пловите, да запознаете нови дестинации и бесплатно да спиете.

Ти во мојата куќа, јас во твојата

Замената на домовите е уште еден начин за тоа како можете да спиете за нула денари. Сајтот „Home Swappingt“ функционира така што вие на некому ќе му ја позајмите својата куќа, а за возврат вие подоцна ќе бидете во неговата. Сите информации можете да ги најдете на страницата „Homeexchange.com“.