Пет причини зошто треба да пиете чаша млеко пред спиење

од Nikola Popovski

Млекото е одличен извор на протеини, здраво е за вашите коски, а најмногу е корисно кога го пиете пред спиење.

На пример, шолја млеко пред спиење ќе ви помогне да заспиете побрзо, да спиете мирно без да се будите во текот на ноќта, па дури и да го забрзате слабеењето.

Еве зошто е добро да пиете млеко пред спиење:

За подобар сон

Неколку студии на луѓе и животни покажаа дека пиењето млеко пред спиење промовира подобар сон. Млекото содржи триптофан и мелатонин, кои помагаат полесно и побрзо да заспиете.

Тирптофанот игра важна улога во производството на серотонин, кој го подобрува расположението, опушта, а всушност е претходник на мелатонин, кој го регулира биоритамот и го подготвува телото за спиење.

Исто така, истражувањата покажаа дека внесувањето доволно триптофан и мелатонин ја намалува анксиозноста и депресијата, кои можат да се влошат за време на спиењето.

Го спречува будењето поради глад

Ако јадете многу пред спиење, можно е да имате проблеми со спиењето во текот на ноќта. За да спречите да се разбудите гладни, испијте чаша млеко пред спиење.

Нѐ релаксира

Освен физичкото влијание врз телото, пиењето млеко пред спиење не потсетува на детството кое ни враќа убави спомени и делува смирувачки. Нѐ релаксира и создава чувство на спокојство.

Помага при слабеење

Ако пиењето млеко ви помага да спиете подобро, тоа исто така ќе ви помогне да изгубите тежина. Лошиот сон може да биде причина за зголемување на телесната тежина, па подобрувањето на квалитетот на сонот би можело да биде решение за тие неколку килограми вишок.

Покрај тоа, млекото е полно со протеини, па е одлична замена за доцната „грицка“, која може да биде и виновник за дебелеење.

Ја зголемува чистата мускулна маса

Млечните протеини се казеин и протеин од сурутка. Неколку студии покажаа дека конзумирањето на овие протеини ја зголемува синтезата на мускулните протеини во текот на ноќта.

Слични содржини