Пет работи за кои луѓето жалат пред смртта -барем да бев храбар

од desk2
128 прегледи

 

Голем број луѓе сфатиле што го сочинува животот дури кога ќе биде доцна. Тие зажалиле бидејќи не поминале доволно време со своите семејства и пријателите и што немале доволно храброст.

Многумина тежнеат да имаат брзи автомобили, скапа гардероба, телефони, куќа со базен…не сфаќајќи дека во трката по тие работи го пропуштаат најважното – самиот живот.

Брони Вер е медицинска сестра која работи на одделение со луѓе кои се на смртна постела. Таа го напишала бестселерот “Пет работи за кои жалат луѓето на смртна постела” кој открива дека помеѓу нив не се наоѓаат успешната кариера, убавината, славата и се друго по кое голем број луѓе тежнеат во текот на животот.

Барем да останев во контакт со пријателите
Многумина стануваат толку зафатени во текот на животот што целосно забораваат на пријателите. Но, на смртна постела голем број луѓе се присетуваат колку смеата, добриот разговор и солзите со пријателите им го разубавувале животот и тогаш почнува жалењето што повеќе немаат такви моменти.

Барем да признаев како се чувствувам
Голем број пациенти жалеле што немале храброст да ги изразат своите чувства. Некои го правеле тоа со цел да одржат мир со другите, а резултатот од тоа бил задоволување со одреден начин на живот и никогаш не станале она што всушност можеле да станат.

Барем да не работев толку напорно
“Ова го изјавил речиси секој маж кој сум го лекувала. Им недостасуваа нивните деца и сопруги, а жените исто така ја наведуваа оваа причина”, навела медицинската сестра.


Барем да имав повеќе храброст
Многу луѓе жалат бидејќи немале храброст да живеат како што сакале туку живееле онака како што се очекувало од нив. Од страв што ќе кажат другите, многумина ги занемариле своите соништа.

Барем да си допуштев да бидам среќен
“Ваквиот вид на жалење е неверојатно чест. Многу луѓе до самиот крај не сфаќаат дека среќата е избор. Тие останале заробени во старите навики и однесувања, се задлабочиле во познатите чувства и не истражувале понатаму. Стравот од промени ги навел да се преправаат пред другите и пред себе дека се задоволни, а всушност копнееле искрено да се насмеат и повторно да бидат несериозни и будалести”, навела Брони.