Петков: 100 пати кажавме дека за С. Македонија ќе се одлучува во Собранието

од Nikola Popovski

Премиерот на Бугарија Кирил Петков им се обратил на пратениците за време на гласањето за доверба на неговата влада и рекол дека четворица стојат зад импичментот: поранешниот премиер Бојко Борисов, пратеникот на ДПС, Дељан Пеевски, лидерот на ИТН Слави Трифонов и руската амбасадорка во Софија, Елеонора Митрофанова.

„Борисов се плаши да не дојде правдата и по него. Пеевски, градежните милијарди за кои има договор да не дојдат кај неговите фирми. Г-ѓа Митрофанова не е толку страшна, понекогаш можеби нема да ја слушате за се што ќе ви каже. Четвртата СМС-порака ќе дојде утре од господинот Слави Трифонов. Не дозволувајте бугарската политика и каде се движи оваа држава да зависи од четири СМС-пораки на четворица кои не се во оваа сала“, рекол денес Петков пред присутните пратеници во Народното Собрание.

„Очигледно морам да ви се извинам што во последните неколку месеци цената на нафтата на светските берзи поскапе за 55%. Темата за Северна Македонија ја слушнавме 1.800 пати, а 100 пати кажавме дека ќе се одлучува во парламентот, но овие луѓе џвакаат една гума за џвакање затоа што знаат дека побарале 40% од милијардите за патиштата да бидат во една „темна соба“ во Министерството за регионален развој и јавни работи. Жалам, но нема да ви успее“, додал бугарскиот премиер.

Слични содржини