Петков од Брисел: Ќе си го одржам зборот за С. Македонија

од Nikola Popovski

Неколку часа пред Европскиот совет во Брисел, премиерот на Бугарија во оставка Кирил Петков увери дека ќе го одржи зборот и ќе ја остави одлуката за Северна Македонија на парламентот.

„Оваа одлука мора да ја донесе бугарскиот парламент. Јас си го одржувам зборот, без разлика кој што сака од мене. Нема хипотетичка можност за ништо друго. Јас сум премиер на Бугарија и кога ќе кажам нешто, си го држам зборот. Она на што се надевам, сепак е дека во наредните денови ќе имаме одлука на Народното собрание“, рече Петков, пренесува „БНР“.

Премиерот во оставка истакна дека лично му се допаѓа францускиот предлог и смета дека неговото усвојување би било историска можност за Бугарија, но тоа мора да се направи на вистински начин.

Слични содржини