Петков за францускиот предлог: Скопје има избор за сопствената иднина

од Nikola Popovski

Бугарскиот премиерот во оставка Кирил Петков денеска изјави дека повторно ќе биде кандидат за премиер на неговата партија Продолжуваме со промените (ПП), при преземањето на новиот мандат за формирање влада.

Тој рече дека нема да преговара со опозициските партии кои го соборија неговиот прв кабинет.

„ПП нема да преговара со Слави Трифонов, Бојко Борисов, Делјан Пеевски и Костадин Костадинов. Имаме дијалог со ДБ и БСП. Не сакаме избори, но нема да ја платиме цената за некои задкулсни играчи кои уште може да ги контролираат средствата што треба да одат кај народот, а не кај неколку фирми, како што беше досега со ИТН. Мојот сон е да видам влада и парламент што не се контролирани од марионетски луѓе, а лидерите се независни. Луѓето кои имаат проблем со ПП, со мене како премиер, со Асен Василев како министер за финансии, се тие на кои им застанавме на патот, за да не се трошат јавните средства на стариот начин“, изјавил Петков во интервју за „БНР“.

Во врска со одлуката на Бугарското национално собрание да го усвои францускиот предлог за преговорите на Македонија со ЕУ, Петков истакнал дека „Скопје веќе има избор за сопствената иднина, а Бугарија повеќе не може да биде одговорна за сите“.

Слични содржини