231
Петнаесетгодишното дете за кое хрватските медиуми пренесоа дека загинало е реанимирано, но е многу критично, јавува Н1 телевизија.
„Детето е во многу критична состојба, во моментов се прават проверки“, вели за Н1 директорот на Детска болница во Клајшева, Горан Роиќ.
Претходно, од Итната медицинска помош јавија дека детето загинало и дека биле неуспешни обидите за негова реанимација, но информациите ги демантираше директорот на Детската болница.