Министерството за внатрешни работи ќе предложи додека трае вонредната состојба, документите на граѓаните кои се истечени или ќе истечат да продолжат по сила на Закон односно уредба. Ова го кажа дополнителната заменик министерка за внатрешни работи, Славјанка Петровска во емисијата „Црвена линија“ на Телма.
„Ја разгледуваме можноста и сме во фаза на подготовка на предлози кои официјално ќе ги доставиме до Владата со коишто ќе предложиме барем во овој период додека трае вонредната состојба документите на граѓаните кои им се истечени или ќе им истечат да продолжат по сила на Закон односно уредба“, вели Петровска.
Таа истакна дека се работи за продолжување на важењето на личните документи за индетификација, кои се најнеопходни, но и за возачките дозволи доколку постојат услови за тоа, како и за патните исправи.