Дополнителната заменик министерка за внатрешни работи, Славјанка Петровска ги пофали припадниците на МВР дека се справиле добро во изминатиот период и дека одговориле на сите предизвици.
„МВР има една исклучително важна улога а тоа е гарантирањето на јавниот ред и мир на нивото на цела држава, треба да се има предвид дека долу на јужната граница е отворена опасноста од нова мигрантска криза таму имаме распоредено доволен број на полицајци кои треба да ја гарантираат безбедноста, меѓутоа мислам дека изминатиов период припадниците на МВР со сите предизвици кои им се појавија поприлично добро се справија и успеа да го гарантираат јавниот ред и мир и безбедноста на граѓаните и државата пред се“, вели Петровска во емисијата „Црвена линија“ на Телма.
Таа посочи дека во моментов, на територијата на целата држава има над 2.000 лица кои се во изолација или самоизолација поради коронавирусот.