Пијан возач „дувнал“ 2,41 промили во полицискиот дрегер

од Nikola Popovski

Во текот на изминатата вечер (11/12.02.2023), во периодот од 23.00 до 04.00 часот, на територија на СВР Битола спроведена е засилена акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваат возило под дејство на алкохол.

При контролата констатирани и законски санкционирани се 46 возачи. За време на контролата биле санкционирани и 42 останати прекршоци.

Полицијата фатила и возач кој „дувнал“ во дрегерот, при што апаратот покажал високи 2,41 промили алкохол во крвта.

-Акциските контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до учесниците во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и заеднички да придонесеме кон поголема безбедност во сообраќајот, информираа од МВР.

Слични содржини